И Брус Вилис му се намерачи на Apple

Брус Вилис ќе го тужи „Епл“ за разјаснување на прашањето на правата за по смртта, објави  „Сан“.  Ова е уште една во редот најавени или веќе подигнати тужби против компанијата.

Вилис (57) сака неговите деца да можат легално да ги наследат музичките содржини собрани преку „Епл“ музичката платформа „ај Тјунс“ по неговата смрт.

Условите на користење на тој софтвер, меѓутоа не е предвидуваат можност на префрлање собрани содржини на други налози.

Содржините на тој начин преземени би можеле за разлика од оние на ЦД да бидат загубени по смртта на сопственикот на налогот.

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)