Брзо напредува изградбата на социјалните станови во Демир Хисар

Категории: Демир Хисар

За нецела половина година веќе започна да се гради вториот кат. Дел од градежните работи започна уште кон крајот на мај и почетокот на јуни кога општинското комунално претпријатие ги отстрани или дислоцира сите подземни водоводни, канализациони, електрични и телекомуникациски инсталации на просторот до административно – станбената зграда на Психијатриската болница. Практично, со подготовката на теренот, изведувачот, познатата и реномирана вевчанска градежна компанија „Виаинжинеринг“можеше непречено да започне со својот дел од градежните работи.

Она што ги фасцинира граѓаните на Демир Хисар е брзината со која се гради објектот. Речиси за нецели четири месеци, извршени се земјените работи, а изградена а бетонската конструкција на подрумските простории, приземјето и еден кат. До крајот на месецов ќе биде завржен и вториот кат. Исто така на општо одобрување на граѓаните и овдешната стручна јавност е квалитетот на изведените работи што е посебно важно при изградбата на вакви капитални објекти.

„Виаинжинеринг“ е позната и етаблирана градежна компанија која што во Демир Хисар изведувала повеќе јавни објекти.

Инаку изградбата на „социјалната“ станбена зграда е дел од проектот  за изградба на 472 станови за ранливите категории на граѓани што го изведува Владата преку Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор.

Зградата во Демир Хисар ќе има 24 станови.

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , ,