Home » Archives by category » Ризница » Ако појдам во чаршија… (Page 3)
Сердаре – Војводо (33)

Сердаре – Војводо (33)

Во науката за комуникологија, општењето „внатре во затворени групи “ изобилува со креативност, надворешна манифестација, неразбирлива за останатите ……….. Со афирмација на честа и чесноста пред сите, а свесно скривајќи работи кои не се за јавност, само се јакне авторитетот, името …….. Ете за таква доблест и почит кон некои традиционални вредности, збришани во сегашноста, […]

Судија да дајт Господ… (32)

Судија да дајт Господ… (32)

Ако никој друг, тогаш студентите биле редовно присутни на сите спортски активности од кичевските клубови кога играле во Скопје. Денес, се сомневам дека им ги знаат имињата на кичевските спортски екипи. Ракометен натпревар во Скопје, повеќето од публиката Кичевчани и нормално „домашна атмосфера“. Навивање, дофрлање и комотно чувство дека никој ништо не ни може. Серијал […]

Е немат колче! (31)

Е немат колче! (31)

Ватерполо натпревар малку после II светска војна. Оскудација. Од спортски прибор само топка, импровизирани стативи за вода и сето тоа на река, во Вардар. Прво полувреме 1 : 0 за нас. Голманот (Kичевчанец отселен во Скопје и републички рекордер на 200 м слободно до 1954 год.) посебна приказна, немало топка што не ја фатил. Невидени […]

Голема несреќа Вадлај, алтобус се превртел (30)

Голема несреќа Вадлај, алтобус се превртел (30)

Пиењето утринско кафе в меана на Балкнаскиве простори не е само ритуал, туку и абер* што имат, што немат …….. Кафеани, меани, биртии за боеми колку сакаш и во секоја башка табијет. Во некоја добра скара, негде добра музика, ама задолжително во секоја постара, ислужена конобарка со куса црна сукња и кундри со висока штикла, […]

Табла (за соживотот) (29)

Табла (за соживотот) (29)

ТАБЛА……..како игра потекнува од Иран, кај нас донесена преку Турција. Паметам како дете и попосле, се играше на неколку „главни места“ во Кичево. Се играше во томболата кај Танто, поранешен Deep in и Мартинс. Тука се собираа луѓе на кој комарот им беше во крвта, за да во покасните саати одиграат некоја табла на пари. […]

Значи, та една жена ко ќе се упрајт по еден пат… (28)

Значи, та една жена ко ќе се упрајт по еден пат… (28)

Машки берберски салон. Мажи, кој чека ред, кој џабелебарош, кој сеирџија, ама сите зркачи до еден во тоа што ќе помине пред излог. Тема на денот: неверството. Можам да претпоставам дека можеби и во женските салони помеѓу другото се коментираат, елаборираат мажите, но очекувано, тема во „нашиов машки салон“ се неверствата на жените, оти ние […]

Предниот вентил ко ќе ти се затворит (27)

Предниот вентил ко ќе ти се затворит (27)

Првиот бран гастербајтери отидени во светон по трошка леб, почнаа срамежливо да се враќаат поединечно назад во градот некаде 70 – тите години од минатиот век. За показ на успешноста пред градот, носеа убави лимузини, вообичаено Мерцедес дизел. Остај што носеа материјални добра, донесоа и духовни навики непознати до тогаш за нашиот крај. Преведено во […]

Миниии, отвори си, поарно за тебе (26)

Миниии, отвори си, поарно за тебе (26)

Дали е привилегија да си кафанџија во мал град или не !!? Можеби има бенефити, ги знаеш сите гости, добриот глас лесно се шири, но !!? Токму поради тоа што ги знаеш сите, те знаат и тие, а најтешко доаѓа кога на такви кои негде – некаде на друго место пиеле цел ден и ноќ, […]

Хмел, хмел, чист хмел (25)

Хмел, хмел, чист хмел (25)

Во потрага по ќар, лесни пари, секоја далавера е (не)дозволена. Во средината на 70 – тите години собиралиште на некои како мене, ни беше и една томбола во градов. Картата на доверба за влез во „поинтимните“ катови на таа томбола и здобивање наклоност на шефот од томболата, подразбираше: Се што е компромитирачко а си видел […]

Е замисли што мажи биле тие што се уплашиле (24)

Е замисли што мажи биле тие што се уплашиле (24)

2003 година, 100 години од Илинденското востание. Цела година подготовки, санација на споменици од тој период ……. Помпезна најава на сите ѕвона: ….од Истабул ќе ни биде донесено оригиналното црешово топче. Со сета должна почит, беше донесено оригиналното црешово топче. Слета авионот и за прв пат во оригинал видовме и допревме 100 – годишна историја […]