Ново, засега најголемо поефтинување на горивата

gorivaМалопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОСУПЕР БС-98 од ноќеска на полноќ се намалуваат за 4,5 денари, додека дизелот поевтинува 4 денари.

Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 4 денaри по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Согласно денешната одлука, од полноќ, новата цена на ЕУРОСУПЕР БС95 ќе биде 65,50 денари за литар, а на ЕУРОСУПЕР БС98 67 денари по литар.

Новата цена по која од полноќ ќе се точи литар дизел гориво ќе изнесува 56 денари.