Во Пречиста се одржа чествување на Пречистанските Преподобномаченици

 

Во кичевскиот манастир Света Богородица Пречиста во понеделникот, 9 април, се одржа чествување за Пречистанските преподобномаченици Пајсиј, Евнувиј и Аверкиј. Со чествувањето чиноначалствуваше Архимандритот Партениј, игумен на Бигорскиот манастир Свети Јован Крстител

На настанот присуствуваше многуброен народ дојден во оваа чест. Чевствувањето заврши со Литија, која се упати до местото Господинец, каде, според преданието пострадале тројцата пречистански монаси.

Овој настан се случил утрото на 27 март (ст. стил) / 9 април (нов. стил) во 1558 година, во петтата недела од Велигденскиот пост кога манастирот Пречиста бил нападнат и запален при што тројца од монасите биле убиени, одбивајќи да ја напуштат светата литургија.

Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија во 2012 година донесе одлука за канонизација на тројцата маченици. Канонизацијата се одржа на голем црковно-народен собир на 2 август 2012, ден Илинден.

На настанот присуствуваше директорот на Комисијата за односи со верски заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски.

*Фотографиите се преземени од страната на Бигорскиот Манастир