Не помогнаа ниту “чкембарите“

Категории: Спорт

Иако Пелистер оваа сезона остварува резултати под очекувањата, сепак навивачите на битолскиот прволигаш не ги забораваат своите пулени на сите мечеви, па дури и кога гостуваат. Така беше и на неделниот првенствен натпревар во Кичево, кој Пелистер го загуби со 1:0 и на кој присуствуваа повеќе од 150-ина членови на навивачката група Чкембари.

– Многу ми е жал што го загубивме овој натпревар, но повеќе од нас самите криво ми е за нашите верни навивачи, кои и покрај неубедливите резултати есенва никогаш не не оставија сами. Затоа се ќе направиме, во продолжение од првенството на нашите фанови да им се оддолжиме со добри игри и резултати какви што заслужува нашиот клуб- рече Благојче Главевски, напаѓачот на Пелистер и фудбалер кој претходната сезона го носеше дресот на Напредок.

Зоран Антоски

Извор: http://www.sportefe.com.mk

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , , ,