Во Тирана средба меѓу македонскиот и албанскиот министер за земјоделство

Категории: Македонија

Трговската размена меѓу Македонија и Албанија не е на посакуваното нивo и треба да се интензивира преку поблиски средби и соработка на стопанствениците, заклучија на вчерашната работна средба во Тирана, министерoт за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков и албанскиот министер за земјоделство, рурален развој и управување со водите, Едмонд Панарити.

Двајцата министри, информираат од МЗШВ, договорија соработка во повеќе области и ја оценија средбата како успешна.

Албанската страна изрази интерес македонското Министерство за земјоделство да го сподели досегашното искуство со нивното Mинистерство во процесот на евроинтеграциите како земја која е во понапредна фаза од тој процес, што беше прифатено од македонска страна.

Албанскиот министер Едмонд Панарити предложил нивно вклучување во македонската акција „ Ден на дрвото“ со пошумување на меѓуграничен појас.

На средбата беше договорено наскоро да се состане мешовита работна група која ќе изготви план на активности, временска рамка и институции (сектори/управи) за реализирање на планираните иницијативи.

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , ,