Денес е Цветници

Категории: Македонија

Влегувањето на Исус Христос во Ерусалим откако го воскресна четиридневно погребениот Лазар е мигот на најмногубројното и најрадосното препознавање во Него Господ и Спасител.

Исус влегува во престолнината на осле, според старозаветното пророштво. Ова е уште еден од многубројните знаци по кои би можеле да Го препознаат, но сепак овој знак не го разбраа ниту Неговите ученици. Многуброен народ наслушна дека ќе дојде, па го дочекаа со палмови гранчиња во рацете.

Значи, ги слекуваа облеките од себе постилајќи ги пред Него и во восхит возвикнуваа вдахновено: Осана! Благословен е Оној што доаѓа во името Господово, Царот Израилев! Дури и некои од дојдените Елини на поклонение за Пасха пристапија и молеа да Го видат. Единствено свештенството и фарисеите се озлобија готвејќи се да Го погубат брзо, а мислеа да го убијат и Лазар кој сведочеше за Неговата сила и за Неговото Божество.

И повторно Господ се труди да им го открие Својот идентитет на насобраните и да ги подготви за најблиската иднина и за смислата на оваа мисија и нејзините искушенија. Всушност, кога им сеобраќа со словото за Крстот, тие тогаш го губат знаењето за Него како за Цар и Христос, тогаш им се затвара умот за словото и за Писмата. Цветници се празнуваат во неделата пред Воскресение. Претставуваат сигурно најдраматичниот празник меѓу Дванаесетте големи празници на Црквата. Го ознауваат почетокот на најтешката седмица во историјата на човештвото, којашто аскетското трезвеноумно познание на човековата природа ја нарекува „Страстна“.

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , ,