Дајте им две топки!!! (36)

Категории: Ако појдам во чаршија..., Ризница, Слајдер
19-ти Мај 1976 год. Градски стадион Кичево. Пријателски фудбалски натпревар Напредок - Вардар(Скопје) 0:2(0:1), Стрелци: Ѓоре Јовановски (21м.) и Кочо Димитровски (65м.). Стојат, од лево на десно: Жика Фиданоски(главен судија, се простува од судењето), Шаренац, Груевски, Сребров(капитен), Веле Силјаноски, Вецко Стаматоски(помошен судија), Бошко Милошески, Јаневски, Насуф Пурелкоски, Грнчаров, Кочо Зердески, Љубе Велјаноски, К. Димитровски, Благоја Шурбаноски, Галип Гугачоски(помошен судија). Клечат: Русе Секулоски(тренер), Мики Лазарески, Миле Гиноски, В. Спасоски, Марјан Ристески, Шуица, Нуко Џелилоски, Јованоски, Пауноски, Симиќ(капитен) и Рајчески

19-ти Мај 1976 год. Градски стадион Кичево. Пријателски фудбалски натпревар Напредок – Вардар(Скопје) Повеќе фотографии: Кичево низ времето

Вродениот простотилок, понекогаш не го лечи ниту работата на влијателно место.

Тазе дојден од селата во околните градови и како по непишано правило во нашиот град, дојденците поербапи, поставен за началник на …….. Интересот на спортските екипи отсекогаш бил во управата и за претседател да биде локален моќник, оти тој може да штити, да одобрува средства, да пронаоѓа пријатели во другите клубови (ако затреба), а треба стално.

По директива поставен за претседател, ама од фудбал разбирање ни Ф. Виделе овие од околу „колку е сатот“ па решиле да го „описменат“. На тренинзи, во разговори „форсирале муабет“ за фудбалот, правилата ……..
„Дошло време, ѓавол да го земе“ ….прва првенствена утакмица во сезоната, цел стадион полн и нормално почесно место за управата со клупи до нашите фудбалери.

Серијал текстови посветени на Кичево некогаш: „Ако појдам во чаршија“

Почеток, топката де кај едните, де кај другите, што би рекол покојниот коментатор Ивко Панговски, -„Еве ти го она нашето дај ми го, нати го“ и како што се разгорувала битката на теренот, за гол, за топката, еве ти го „нашиот“ со „целосно апсолвирано знаење за фудбалот“, скокнал од клупа и со цел глас извикал:

– „ШТО НЕ ИМ ФРЛИТЕ ДВЕ ТОПКИ, СЕ ИСТЕПАА ЛУЃЕТО ПО ЕДНАВА“

…. прикриено кикотење од трибината со публика зад него, чунки началник бил …….. и толку од забрзаниот курс „Запознавање со основите на фудбалот“ .

Ербап – од Турскиот јазик = вешт, способен, снаодлив …….

Чунки – од Турскиот јазик = затоа што.

Пренесува и раскажува: Марјан Стојаноски – Мако

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , , , , ,