Дарко Глишиќ (екс Напредок) ита кон шампионската титула на Грузија

Категории: Спорт

Во својата прва сезона во првенството на Грузија,поранешниот фудбалер на Напредок,Тетекс и Скопје,Дарко Глишиќ со својот тим Динамо Тбилиси е на добар пат да се закити со титулата државен првак на Грузија.

Голем чекор напред кон најдрагоцениот трофеј екипата на Глишиќ направи во претходното првенствено коло, кога во директен дуел го совлада директниот конкурент Дила Гори со 3:0.Во одличните резултати на Динамо голем придонес даде и нашиот интернационалец.

-Иако на почетокот на првенството само повремено бев во стартниот состав на Динамо. На мое големо задоволство и на радост на клупската управа, во последно време сум стално во стартниот состав на лидерот на табелата.И моите добри игри придонесоа екипата во континуитет да остварува добри резулатати и со 5 бода предност пред конкурентот да влезе во завршницата од првенството.Дека навистина сум во одлична форма ми потврди и мојот тренер по саботниот триумф на Дила Гори-рече Дарко Глишиќ, фудбалер кој еден кус период имаше излет и во БИХ каде настапуваше за екипата на сараевска Славија.

Зоран Антоски

Извор: http://www.sportefe.com.mk

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , , ,