Дебата во Кичево: „Патриот си ако инвестираш во Република Македонија“

 

„Патриот си ако инвестираш во Република Македонија“. Ова е темата на новата, шеста по ред јавна дебата на Здружението Диверзити Медиа.

Таа ќе се одржи в среда, на 31 јули 2013 година од 11 до 13 часот во Кичево, во просториите на Советот на општината.

На оваа интересна тема да дебатираат поканети се Ванчо Србакоски, советник и бизнисмен, Фатмир Дехари, градоначалник на општина Кичево, Благоја Деспотовски, поранешен прв човек на локалната самоуправа и Висар Адеми, економски експерт.

Диверзити медиа со овој настан ќе се обиде да ја поттикне интелектуалната, академската и експертската јавност активно да се вклучи во развојот на јавниот дијалог. А, посебно обрнуваме внимание на активното учество на граѓаните во дебати на вакви актуелни теми.

Во рамки на проектот „Дебати_мк“ Диверзити Медиа организира 10 јавни дебати во периодот од април до септември 2013 година. Проектот е делумно поддржан од програмата ЦИВИЦА Мобилитас на Центарот за институционален развој, ЦИРа. Дебатите се поддржани и промовирани и од страна на Фондацијата ИДЕА Југоисточна Европа, дел од меѓународната ИДЕА мрежа која повеќе од десет години промовира дебата и критичко размислување помеѓу младите.

Тие ќе бидат насочени кон подобрување на квалитетот на локалните власти, подобрување и развој на меѓуетничкиот дијалог во сите сфери на општеството, корпоративна социјална одговорност на приватниот сектор, со цел да се подобрат меѓуетничките односи и поттикнување и зајакнување на општествениот активизам низ Македонија.

Сите јавни дебати, како и аналитички обработените анализи од темите на дебатите од страна на тимот на Диверзити Медиа во следниот период ќе бидат достапни на www.diversitymedia.mk и на http://idebate.org

За повеќе информации:

Весна Коловска, 078 240 396

Назим Рашиди, 078 240 394

„Проектот Дебати_мк е овоможен со грант од програмата Цивица Мобилитас, имплементирана од ЦИРа и финансиски поддржана од СДЦ.