Во Дебрца ќе се одржи работилница за искористување средства од ИПАРД програмата

Во организација на Општина Дебарца, во општинските простории на 22. јули ќе се одржи едукативно информативна работилница за можностите за искористување на средствата од Агенцијата за рурален развој.

Заинтересираните граѓани, земјоделци и приватни стопанственици на средбата ќе можат да се запознаат со новите мерки, упатства на корисници, висина на финансиска подршка (ИПАРД Програма), национални програми,исплата на субвенции и сл.

На работилницата се поканети да присуствуваа претседателите на месните заедници од сите села во Општина Дебарца, оттаму што учесниците ќе имаат можност да се запознаат со програми и планови за уредување на туристички и излетнички локалитети во руралните области, како и обнова на електрична мрежа, пристапни патишта до еден километар, обнова на водоводни инсталации и друго. Зафатите би се реализирале преку кофинансирање на проектите со средства од Агенцијата за рурален развој и други агенции.

Работилницата се организира со соработка Агенцијата за финансиска подршка на земјоделството и руралниот развој, согласно Годишниот акционен план за комуникација и публицитет за 2013 година.