Дечиња од Кичево ќе го посетат Секретаријатот за европски прашања

Категории: Македонија

Младинскиот образовен форум во рамки на Проектот на УСАИД за граѓанско општество денеска организира посета на Секретаријатот за европски прашања.

Посетата е со цел младите да се запознаат со работата и улогата на Секретаријатот, како и значењето на процесот на евроинтеграција на Република Македонија.

Младите ќе имаат можност да поставуваат прашања, а ќе им се обрати и заменикот претседател на Владата за европски прашања, Теута Арифи.

Осумдесетина млади од Скопје, Куманово, Велес, Дебар, Струга, Битола, Штип, Тетово, Кичево, Делчево, Кратово и Гевгелија, ќе имаат можност да се запознаат поблиску со работата и активностите на Секторот за интеграција, како и на Секторот за подготовка на националната верзија на acquis communautaire на Европска Унија.

Посетата ќе им овозможи да слушнат повеќе за Пристапниот дијалог на високо ниво (ХЛАД), кои се клучните области кои ги опфаќа, посветеноста и заложбите на Владата на Република Македонија за справување со конкретни прашања од клучните области кои се опфатени со него.

Исто така, ќе се запознаат со Секторот за подготовка на преговори за членство во ЕУ и ќе дознаат повеќе за инвестицијата во кадри – обуки и стипендии.

Преку овие настани организаторите целат кон приближување на институциите до младите водени од идејата дека е особено значајно доближувањето на институциите до граѓаните во насока на зајакнување на комуникацијата помеѓу граѓаните и надлежните власти со што се придонесува кон развивање демократското и отворено општество.

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , , , ,