Кичевчанец со златен медал на државното првенство во карате

Нашиот карате мајстор Дејан Милошевски, на 23.03.2013 за првпат се закити со златен медал на престојното државно првенство и стана ДРЖАВЕН ШАМПИОН на Р.Македонија во ката сениори за 2013 година.

Претходно во 6 наврати беше најдобар во земјава во категорија на кадети, јуниори и сениори во екипна конкуренција. Сега има шанса да ја  претставува Република Македонија надовор од своите граници, а со тоа и градот Кичево и во поединечна конкуренција.

– Оваа титула ми е најпосакуваната во мојата кариера, бидејќи за првпат највисоко застанав на пиедесталот за ката сениори во поединечна конкуренција.  Мојата желба беше водилка, а мојот труд беше клучот за овој успех. Очекувам наскоро дека ќе ги потврдам своите квалитети и на претстојниот Балкански шампионат, откако претходно ќе го минам домашниот филтер – рече Милошески.

Тој покрај тоа што е натпреварувач истовремено е и тренер во карате клубот ГИВ-Скопје а во исто време работи и како визитинг тренер во клубот Кашива Кан во Биeл Швајцарија, каде претседател е македонецот од Кичево, карате мајсторот Борче Лескаровски.