Делови од Кичево добија струја, регионот 30 часа без струја

Категории: Кичево, Слајдер

Кичевскиот регион повеќе од 30 часа е без електрична енергија, додека, пак, по 20 часа центарот на градот доби електрична енергија, но за околните населени места се уште не се знае кога ќе добијат струја.

Од ЕВН велат дека има многу дефекти што настанале поради невремето и обилните снежни врнежи што вчера го зафати кичевскиот регион и оти не можат со сигурнсот да кажат кога ќе бидат отстранети дефектите, на кои се работи.

Поради електричната енергија осломејскиот регион остана и без вода за пиење бидејќи пумпите за отпумпување на вода не работат, затоа резервоарите за вода за пиење се испразнети.

Што се однесува до патните правци, од утринава тие се проодни, односно исчистени, особено главните улици. Проблем засега останува брзото топење на снегот кој претставува опасност надојдените реки да се прелијат.

Од Регионалниот центар за управување со кризи упатија молба, оние домаќинства кои немаат струја, да ги исклучат од штекер апаратите во домаќинството (грејни тела, фрижидери, болјери, телевизори…) со цел да се намали ризикот од расипување на домашните апарати при евенуален поголем напон и ќе овозможи побрзо стабилизирање на електромрежата и нормално напојување на домаќинствата. Оние домаќинства кои имаат добиено струја, се замолуваат истата да ја користат само за неопходните потреби за да можат постепено да бидат вклучени и другите делови од градот кои во тој момент немаат струја.

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , ,