Делегација на општина Демир Хисар во посета на Измир

Категории: Демир Хисар, Македонија

Попладнево околу 14 часот по турско време, во Измир, РепубликаТурција, допатува висока делегација на Општина Демир Хисар што ја предводи градоначалникот Љупчо Блажевски, а го придружуваат членовите на Советот Нада Пејковска и Валентина Ѓорѓиовска, секретарот на општината, Љупчо Ангелевски, како и  членот на Советот на Општина Росоман, Ристо Јошев кој беше еден од посредувачите во организирањето на оваа посета.

Пред влезот на прекрасниот терма хотел „Балчова“ делегацијата ја пречекаа претставниците на Македонското здружение во Измир Мустафа Кенел и Аднан Јетишнин, како и претставници на кабинетот на градоначалникот на Општина Балчова, Мехмет Али Чалкаја.

Посетата на делегацијата на Општина Демир Хисар на Измир, е дел од неколкумесечните поготвителни преговори со градската општина во градот Измир, Балчова, за отпочнување на меѓусебна соработка.

– Јас верувам дека овој почеток ќе изгради силна врска помеѓу Демир Хисар и Балчова. Искрено кажано постојат многу заеднички и вредни работи кои што двата градови можат да ги научат и можат да извлечат предности еден од друг. – напиша покрај другото градоначалникот на Бакчова во прелиминарното писмо за намери испратено пред неколку месеци до градоначалникот на Општина Демир Хисар, Љупчо Блажевски.

Двајцата градоначалници и нивните соработници првпат ќе се сретнат вечерва на заедничка неформална вечера, а во текот на утрешниот ден, гостите од Македонија ќе имаат официјална средба со градоначалникот на Балчова и членовите на Советот на општина Балчова. На утрешната заедничка официјална средба, во протоколарниот дел, двајцата градоначалници ќе разменат подароци, а потоа ќе разговараат за можностите и областите за меѓусебна соработка и поддршка во реализација на проекти во интерес на граѓаните од двете општини.

 

 

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: