Демирхисарскиот градоначалник се враќа од Загреб

Категории: Демир Хисар

Денеска е последниот ден од тридневната работна посета на градоначалниците од Пелагонискиот плански региона на Задар, Република Хрватска.

Како што пишуваат тамошните медиуми и официјалните веб портали на Градот Задар и Задарската жупанија, најпрвин градоначалниците на Демир Хисар, Новаци, Могила, Крушево и Кривогаштани биле примени од градоначалникот на градот Задар, Божидар Калмета кој изразил отворена и искрена желба за безрезервна соработка на заеднички проекти и во контактите со меѓународните институции.

Нашата делегација што ја предводи директорот на Центарот за развој на Пелагонискиот плански региона, Емилија Гелевска, покажала забележителен и нагласен интерес за развојот на Задар и Задарската жупанија, а посебно за напредокот во последниве години во многу области. Се интересирале за претприемачките иницијативи во областа на земјоделието.

Градоначалниците биле примени и од жупанот на Задарската жупанија Стипе Зрилиќ, а имале средба и со претставничката на македонската заедница во Задар, Мирјана Мајиќ.

На оваа средба, жупанот Зрилиќ, покрај другото, ги пренел искуствата од Задараската жупанија од претпристапниот период, а посебно ја акцентирал важноста на прилагодувањето на новите услови и новата методологија на работа. На гостите од Македонија, им биле презентирани географската поставеност, културно – историското наследство, како и туризмот и неговата поврзаност со земјоделието. Било укажано на важноста на квалитетното планирање на развојот посебно при изработката на стратегиските плански документи кои треба да бидат во склад со документите на Европската унија.

Инаку, студискиот престој во Задар го организира Центарот за развој на Пелагонискиот регион, а во рамките на проектот „Macedonia Small Business Expansion“ што го спроведува Американската развојна агенција (УСАИД) со цел зајакнување на малото претпримништво и поврзување со стопанствениците од регионот.

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , ,