Демирхисарските основци го одбележаа европскиот ден на јазиците

Категории: Демир Хисар, Кичево

Јазичната разноликост е средство што може да придонесе за подобро разбирање на различните култури и клучен елемент во богатото културно наследство на Европскиот континент. Со ваква порака започна првото одбележување на 26 – ти септември, Денот на европските јазици што се одржа во основното училишtе „Гоце Делчев“ во Демир Хисар.

На мултимедијалниот перформанс  што се одржа пред влезот на училиштето, беа вклучени скоро сите ученици од предметната настава, кои со обоени обравчња со боите и  знамињата на Европа, преку цртежи и кулинарски специјалитети инспирирани и изработени од детската имагинација, ги испратија своите оригинални пораки, дека преку разноликоста и различноста на јазиците и културите може да се воспостават големи и нови мостови на меѓусебна соработка, почитување и уважување. Но и дека учењето на јазици е подеднакво корисно за младите и возрасните – никогаш не е доцна да се научи нов јазик.

Преку квизот во знаење што се одржа на англиски и француски јазик, демирхисарските основци најдобро покажаа и демонстрираа, дека учењето на други јазици помага подобро да се разбереме, запознаеме и да ги надминеме културолошките разлики, без оглед  дали сме на годишен одмор, живееме во друга земја или имаме гостин од друга земја.

– Во Европа се говори на над 200 јазици како и многу други јазици што ги говорат граѓаните со потекло од земји од другите континенти. Јазичнара разноликост е важна компонента во градењето на европската култура и таа мора, преку вакви и други слични манифестации, постојано да се одржува и негува, рече градоначалникот на Општина Демир Хисар, Љупчо Блажевски кој присуствуваше на свеченоста по повод  европскиот ден на јазиците.

Европскиот ден на јазиците се одбележува, од 2001 година, на 26 – ти септември со организирање на различни манифестации и активности во земјите на целиот европски континент

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , ,