Во Кичево одбележан Денот на наставата на турски јазик

Во ОУ „Санде Штеријоски“ во Кичево денеска се одбележа 21 декември Денот на наставата на турски јазик. Во ова училиште наставата се одвива на три јазика македонски, албански и турски.

Свое обраќање имаше и градоначалникот на Кичево Благоја Деспотоски кој рече дека иако можеби малку задоцниле сепак во Кичево вовеле настава на турски јазик.

– Покрај во основното училиште настава на турски јазик е воведене  и во гиманзијата „Мирко Милески„. Се надевам дека наскоро во Кичево ќе има и факултет на турски јазик, рече Деспотоски.

Со одлука на Владата на Република Македонија овој ден се празнува како народен ден на Турците во Македонија и истиот е неработен за припадниците на оваа заедница.

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)