Во Осломеј ќе биде сместена регионална депонија?

Категории: Кичево, Слајдер

Изградба на регионална депонија во близина на рудникот Осломеј во која ќе се носи отпадот од 9 општини од Југозападниот плански регион. Ваква опција подолго време била разгледувана меѓуопштинско ниво помеѓу општините Кичево, Струга, Пласница, Вевчани, Дебар, Дебрца, Охрид, Македонски Брод и Центар Жупа.

Оваа информација излезе во јавност по работната средба помеѓу претставници на Министерството за животна средина и просторно планирање со претставници на Регионалниот центар за управување со отпад, комуналните претпријатија, на општинските сектори за комунален развој и локалната самоуправа. Средбата била посветена на спроведените активности околу третманот на отпадот, комунални прашања и проблематика од односната сфера.

Пред два месеци бил склучен договор на регионално ниво меѓу општините од Југозападниот плански регион, како и координативно тело за интегрално управување со отпад во овие општини.

На регионално ниво биле формирани сите тела за управување и тоа – Регионален одбор за управување со отпад што го сочинуваат сите девет градоначалници од општините во регионот, Стручна служба составена од директори на комуналните претпријатија и претставници од Центарот за развој на Југозападниот плански регион, а избран е и претседател на Регионалниот одбор.

Кичево со години се соочува со загадување и опасност по здравјето на граѓаните од депонијата која е формирана на реката Темница.

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , , , , , , , , ,