Деспотоски: Ќе ги застапувам интересите на сите заедници

Категории: Кичево, Слајдер

Кандидатот за градоначалник на општина Кичево од коалицијата „За подобра Македонија“, Благоја Деспотоски порача дека и во следниот мандат ќе ги застапува интересите на сите заедници кои живеат во Кичево и ќе работи на подобрување на нивните услови за живот и работа.

Во изминатиот четригодишен период, како што рече Деспотоски реализиравме над 200 проекти и реконструиравме многу улици и објекти во општината.

-Ја реконструиравме улицата Александар Македонски во центарот на Кичево и уште 80 други улици во градот, изградивме над 12 километри канализациона мрежа, над 10 километри водоводна мрежа, ја изградивме индустриската зона Ивандол 2, легализиравме над 600 дивоградби и изградивме пристапни патеки до сите станбени згради, рече Деспотоски.

Како што рече Деспотоски „се што изградивме досега изградивме со поддршка на Владата и на премиерот Никола Груевски за подобар живот на сите кичевчани и во иднина ќе продолжиме да работиме со исто темпо се со цел Кичево да стане подобро место за живеење. Кичево ќе стане поголема општина, а тоа ќе значи поголем потенцијал за економски развој“.

Главни приоритети во неговата изборна програма во наредниот период ќе бидат отварањето на индустриската зона и на двата рудници Стогово и Тајмиште со што ќе се отворат над 1.000 нови работни места.

Покрај тоа, во неговата програма предвидена е и изградба на првите фабрики во индустриската зона, изградба на повеќе улици, реставрација на кичевското кале, изградба на колектор за отпадни води, пречистителна станица, изградба на кеј на реката Темница, целосно решавање на водоснабдувањето на сите населени места, изградба спортски објекти и пензионерски дом.

Деспотоски порача дека ќе остане градоначалник на сите кичевчани и во наредниот мандат и ќе работи за подобри услови за живот за Албанците, Ромите, Турците и другите заедници кои живеат во Кичево.

 

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , ,