Благоја Деспотоски Ташко ќе се трка за втор мандат во Кичево

Категории: Кичево, Слајдер

Досегашниот градски татко, Благоја Деспотоски повторно е кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ и коалиционите партнери за општина Кичево. Ова било потврдено на Централниот комитет на партијата по претходен предлог на Извршниот комитет на партијата.

Благоја Деспотоски од 2009 е на чело на кичевската општина. Победата ја однесе уште во првиот круг. Во изминатите четири години реализираше низа проекти од зацртаната програма со која настапи на изборите.

Деспотоски реализираше значајни проекти во сферата на инфраструктурниот, стопанскиот и економскиот развој на општината. Значаен критериум за избор на кандидатот, истакнуваат од партијата, беше и неговиот личен кредибилитет и досегашен придонес за општината за која се кандидира.

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , ,