Отворен нов дисконт во центарот на Кичево

Од денеска кичевската трговија е збогатена со уште еден продажен објект, Дисконтот во центарот на Кичево, втор по ред за кусо време .
Со одлична понуда како и ниските цени, граѓаните на  Кичево ќе имаат можност во секое време да се снабдат со свежа, квалитетна и евтина стока. Токму при денешното отворање задоволните граѓани на Кичево прокоментираа:
“Овој дисконт ја подобрува понудата во нашиот град, а добро е и тоа што и луѓето со поплиток џеб ќе можат да се снабдат со неопходните продукти за многу пониски цени“.
Инаку овој дисконт како и првиот е на кичевската компанија за трговија на големо и мало АТВА од Кичево.
Зоран Антоски