До 30 септември пролонгиран рокот за осмиот ИПАРД повик

Категории: Македонија

 До 30 септември е пролонгиран осмиот јавен повик за користење средства од ИПАРД Програмата што требаше да заврши денеска.

Според Платежната агенција, рокот е продолжен со цел да им се излезе во пресрет на потенцијалните корисници за подготовка на квалитетни апликации, како и да се овозможи ефикасно искористување на ИПАРД средствата.

Финансиските средства предвидени со повикот се наменети за инвестиции на земјоделски стопанства за нивно преструктуирање и надградба за достигнување на стандардите на Европската унија, инвестиции за преработка и маркетинг на земјоделските и рибните производи со нивно преструктуирање и надградба за достигнување стандардите на Европската унија, како и за диверзификација и развој на руралните економски активности.

Потребната документација за подготовка и поднесување барања, вклучително и упатства за корисниците на ИПАРД, може да се преземат од интернет страницата на Агенцијата www.ipardpa.gov.mk или www.pa.gov.mk, како и лично, во приемницата на Агенцијата и во нејзините најблиски регионални центри или работни единици, секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот.

Во Агенцијата за поттикнување на развој во земјоделството заинтересираните земјоделски производители можат да добијат и информации за изготвување и доставување барања, како и практични совети за аплицирање.

 

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , ,