Документарна фотографија [#2]

Категории: Лично, Слајдер

Фотографијата е во состојба да ја пренесе стварноста, вистината, но дали може да ни престави вистински ужас на војна или некоја друга несреќа, или да ни воочи среќа и неподносливоста на некој момент, или е секоја фотографија, сепак, интерпретација на самиот фотограф. Во принцип, една стварно реална фотографија се смета медицинската и судската фотографија. Значи, дури и документарната фотографија не може да се смета за реална, иако основната потреба на документарната фотографија е да прикаже некоја сцена што пореално.

Иако документарната фотографија тежнее да прикаже односно да постигне повисока точност во репродуктивна стварност (повторно создавање на реалноста), едноставно затоа што самиот фотограф избрал да ја сними баш таа сцена, на тој начин, од тој агол, со тој фото апарат, во одреден период на денот или ноќта и репродукции на црно-бел или колор филм или на мемориска картичка, создава повеќе услови да конечно фотографијата да биде обоена од неговата визија (замисла).

И покрај оваа црна прогноза за реалноста на документарната фотографија, таа секако ја прикажува реалната ситуација која не опкружува нас, а со тоа ги прифаќаме како реалнни.

Во документарната фотографија важно е чиствата да стигнат до гледачот дека самиот тој е дел од реалноста, која ја набљудува. Ова значи, вие како фотограф, не треба да сте доминантна личност на фотографиите, не треба да сме претерано свесни за нашето присуство во фотографијата, или техниката која се користи, туку избраниот начин на презентација да биде единствен.

Кога набљудуваме фотографија, да речеме некој објект, стара архитектура (стара куќа), сакаме да мислиме дека тоа е вистински објект, вистинска стара куќа, а не нејзина фотографска репрезентација. Сакаме да и веруваме на таа фотографија, всушност тоа верување ја направило документарната фотографија толку моќна.

Бидејќи ние рековне дека документарната фотографија зазема битно место во историјата на човештвото, секако, од половината на 19 век, до ден денес.

Еден од значајните преставници на документарната фотографија е Левис Нин. Направил серија на фотографии на кои ја прикажал суровоста на детскиот труд во индустријата.

М-р Јован Наумоски

Фото Клуб Пиксел

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , ,