ФОТО: Привршува изградбата на домот за Коџаџиклиоски

Полека се реализира ветувањето на градоначалникот на Кичево, Благоја Деспотоски за изградба на изгорениот дом на семејството на Абдуле Коџаџиклиоски. Куќата е скоро готова и семејството пред зимата ќе го добие својот покрив над главата.  Четиричленото семејство кое имаше несреќа да изгуби се во пожар пред повеќе од еден месец. За таа цел општина Кичево излезе во пресрет.

И покрај тоа, на семејството сеуште му е потребна помош за да се врати во нормален живот. Хуманоста на кичевчани е многу пати покажана на дело, затоа кој може нека помогне, ова е нивниот број 070/952-006.