Донација од Регионалната стопанска комора за кичевската болница

Категории: Кичево, Слајдер

Педесет гарнитури чаршафи, јастуци и ќебиња и беа донирани на кичевската општа болница, од страна на Регионалната стопанска комора Кичево.

Примопредавањето го изврши нејзиниот претседател Игор Соколески, во придружба на членови од бизнис заедницата од градот, а донацијата ја прими директорот на општата болница Кичево , Д-р Љупче Ристески. Од страна на комората за месец септември најавена е нова поголема донација за кичевската здраствена установа.

-Секогаш кога ќе бидеме во можност ќе го помагаме нашето здраство. Уште отсега најавувам нова многу поголема донација за нашата болница за месец септември- подвлече претседателот Соколески. За убавиот гест се заблагодари директорот Ристески.

– Знаеме да ги цениме вашите напори и затоа сме многу благодарни што сесрдно го помагате нашето здравство. Времињата се тешки и затоа секој подарок за нас е добредојден – рече  Д-р Ристески.

Зоран Антоски

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , ,