Деспотоски: Донесена измената за зголемуање на минимална плата

Категории: Македонија, Слајдер

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ на 84-тата седница на Собранието на Република Македонија одржана на 06 февруари 2014 година едногласно ги донесе измените на Законот за минимална плата во Република Македонија со што тогашната минимална плата од 8 050 денари се зголеми на 8 800 денари.

Во продолжение следува интегрален текст од прес-конференцијата на Благоја Деспотовски, пратеник во Собранието на Република Македонија

Исто така, со овие измени се донесе и континуирано зголемување на минималната плата до 2016 година така што, во 2015 година минималната плата треба да изнесува 9 590 денери,  додека во 2016 година минималната плата треба да изнесува 10 080 денари.

Ја поздравуваме решителноста на Министерството за труд и социјална политика за имплементација на овој закон и предложените измени со кои ќе се  зголеми минималната плата од 1 јануари 2015 година со што ќе се прецизира точно периодот од кога започнува зголемувањето на минималната плата односно од почетокот на годината и со тоа ќе се надминат проблемите во имплементацијата на зголемување на минималната плата.

Уште при првото зголемување на минималната плата како пратеници знаевме дека оваа мерка е повеќе од неопходна и позитивно прифатена од страна на граѓаните. Впрочем, тоа тие и го бараа.

Со најновото најавено зголемување на минималната плата од 1 јануари 2015 година уште еднаш се потврдува дека носењето на овој закон и  направените измени со цел покачување на минималната плата реши многу егзистенционални проблеми, но исто така и ги обврза работодавачите да исплаќаат минималец утврден со закон.

И покрај тоа што Законот за минимална плата беше донесен со предходни преговори со стопанската комора и синдикатите како и по барање на работниците, свесни сме дека одреден број од работодавачите пробуваат да го заобиколат законот.

Како пратеници ќе дадеме максималната поддршка на законските измени кои веќе се во собраниска процедура, предложени од страна на Министерството за труд и социјална политика со кои се заоструваат санкциите доколку работодавачот не ја исплати минималната плата утврдена со законот. Доколку Државниот инспектор за труд утврди дека работникот добил износ помал од законски предвидениот, должен е да го опомене работодавачот да ја исплати минималната плата во рок од 7 дена, а доколку и тоа и не случи, да му изрече глоба на работодавачот во висина од 8 000 до 9 000 евра.

Сите овие измени кои се прават одат во прилог и се во интерес на работниците, а во предходен договор и согласност од стопанската комора.

Пратениците од Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ го почитуваат уставното право на секој граѓанин на соодветна заработувачка и затоа овие законски измени очекуваме дека ќе ги гарантираат загарантираните права на секој работник. Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги поддржи механизмите со кои се зајакнува исплатата на минимална плата.

Сигурни сме дека најавеното покачување на минималната плата на 9 590 денари во 2015 година повторно позитивно ќе биде дочекано од страна на граѓаните. Ние како пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и понатаму ќе се трудиме и максимално ќе се залагаме за мерки кои ќе го подобруваат и ќе допринесуваат за поквалитетен животен стандарт на граѓаните и почитување на работничките права.

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: ,