И древните Египќанки правеле тест за бременост

Категории: Магазин

Можеби нема да верувате, но вистина е. Пред неколку илјади години овие паметни луѓе не само што имале природен лек за речиси сите болести кои ќе ги добиеле,  со помош на мешање на лековити билки, зачини, храна и тн., туку исто така пронашле и начин како да направат домашен тест за бременост.

Техниката е многу едноставна. Ставаат зрна од пченица и јачмен во сад, жената уринирала во садот, го покрива со крпа садот и наредниот ден гледа што ќе се случи.

Ако зрното почнува да р`ти,  значи дека жената е бремена, а ако не, тогаш не е бремена. Тие дури имале теорија, дека во зависност од тоа дали зрното повеќе р`ти, би можело да се каже за кој пол на детето се работи.

Истражувачите уште во 60-тите години од минатиот век потврдија дека овој тест е 70 отсто точен, односно не помалку од модерните тестови за бременост, особено оние поевтините. Што се однесува до полот на детето, не е пронајдена поврзаност.

Древниот тест на бременост работи на ист принцип како и модерниот, набљудување на хемиски промени кои се пристуни само кај жената која е бремена.

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , ,