Другово под 80 сантиметри снег, остечени повеќе села

Категории: Кичево, Слајдер

Снегот кој непрекинато паѓаше повеќе од 16 часа, им создаде големи проблеми на жителите во друговска општина. Висината на снежната покривка во овој региот изнесува од 50 до 80 сантиметри.

– Обилните снежни врнежи создадоа големи потешкотии во нормалното функционирање на животот во нашата општина.Моментално непроодни се патиштата до селата во Горна Копачка: Ехловец,  Иванчишта, Душогубица, Кленоец, Малкоец, Попоец и село Цер. Голем дел од овие села немаат  и струја, така што и денес без електрично напојување останаа селата : Јудово, Душогубица, Јаорец, Иванчишта, Малкоец и Ехлоец.Екипи на ЕВН се на терен и се прават огромни напори снабдувањето со електрична струја да се нормализира – рече Добре Никоски, градоначалникот на општина Другово.

Се очекува во текот на наредните ден-два да бидат пробиени овие патишта и да се нормализира сообраќајот во целата општина.

Во општина Осломеј до сите 16 населени места пробиени се патиштата, така што нема застој во сообраќајот во регионот.

– Благодарение на несебичната помош на РЕК„ Осломеј“ успеавме во текот на денот да ги пробиеме патиштата и до најоддалечените планински села.Во теко на денот немавме електрична струја во целиот регион и се правата напори  занепречено снабдување со електрична струја на сите села.Во случај да нема подолг период електрична струја, тогаш без вода ќе останат селата  бидејќи пумпите за вода неможат да работат и да вршат дотур од регионалниот водовод„ Студенчица“ – рече Иса Незири, директор на комуналното претпријатие во општина Осломеј.

Зоран Антоски

Извор: Нова Македонија

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , , , , , , , , , , , ,