Вело М, МВК Велес и Енерџи најуспешни на вториот друмски натпревар во Кичево

Категории: Слајдер, Спорт

Кичево беше домаќин на  вториот натпревар од шампионатот во друмски велосипедизам за ранг листа. И покрај дождот и влажниот коловоз, велосипедитите  го дадоа својот максимим и затоа проследивме возбудливи и неизвесни трки. Се возеше во пет категории: кадети, девојки, мастерс, на релација Кичево- Барбарас- Кичево и во категорја за јуниори и сениори на патека од 90км, Кичево – Ропотово – Кичево.

Во кадетска конкуренција тројна победа на велоспиедистите од Вело М. Куманово. Првото место го освои Денис Колевски со време 1,55.19. Втор низ целта мина Кристијан Николов  а третото место го освои Драган Цветков. Во конкуренцијата кај девојките Анета Антовска од Енерџи Скопје го освои првото место со време 2,15.33, второпласирана беше нејзината клупска колешка Јана Коцевска а останатите девојки не ја завршија трката.
Во  категорија мастерс членот на Брезовица од Косово, Ненад Глигорчевиќ беше најдобар со време 1,55.00.Второ место за Стјанче Колевски од Водно а како трет низ целта мина Зекир Зекири од Енерџи Скопје.
Во јуниорска конкуренција забележани се само два пласмани и тоа на Никола Ѓукиќ од Вело М.Куманово кој оствари време од 2.29,10 додека со исто време втор низ целта мина Јован Јованоски од Екодром Охрид.
Кај сениорите Стефан Петровски од Вело М.Куманово го освои првото место со време од 2,29.10 , второто место му припадна Бленди Троци од Екодром Охрид, а со исто време трет низ целта мина членот на Брезовица Косово, Никола Грбиќ
Зоран Антоски

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , , ,