Држ го! (41)

Old bus B & W

Некои професии едноставно се податни, ги бие глас дека…
Потребата за фреквентност од интимни средби помеѓу двајца, доведува до интензивна бура од идеи, каде, кога, како… ??!!

Тој шофер на камион, патишта стари со кривини како змии, колку сакаш. Ја качува со детето 5 – 6 годишно в кабина, на одбрано место го запира камионот по угорница, слегува, „утврдува“ проблем и му кажува на малиот како да подметне едно трупче под колцето, за да „тргнел“ полесно нагоре. Го потфрлило детето трупчето, тргнал камионот, ама запрел погоре некаде на „безбедна далечина“. Детето викај мамо, тој викај идај вамо, ама од друга страна ја „завршил“ работата.

Што останало тајна, на дуњава ?! Наишол друг камион го качил детето, го однесол до колегата, ама во возењето разбрал се како било. Утредента прекар (за навек му остана) на шоферот в претпријатие ***е Трупчено!

Анегдота за кондуктер, ја кандисал, ама веќе бил во поодминати години и со послаба ерекција. Го замолила:

– „Мајсторе немој внатре“

– „Не се плаши биро, удве е, надвор ќе штркат“ !!!

Заедно вода, бензин и огин не.

Серијал текстови посветени на Кичево некогаш: „Ако појдам во чаршија“

Дали игра на судбина или местенка од шефот што го правел распоредот, се наоѓаат во ист момент двајца шофери и кондуктер на линија со спиење во мотел. Во мотелот работела конобарка која „ сексуално општела“ со двајца од нив.

Навечер после работата за да стигне до нејзината соба за спиење, морала да помине низ еден лавиринт од тесна просторија ни соба, ни ходник со 3 кревети каде што спиеле шоферите. Легнуваат мајсторите, а едниот ја истопорил раката од креветот таман толку за кога ќе помине дотичната, како и да врви да го допре, а тој ќе фати во подебелото па ако добие повратен сигнал, ете го кај неа. Го приметил другиов итроманството, љубоморен му рекол на колегата:

– „Се ко ќе заспиет убо, ја ќе го „потспрема“ и в темница ќе го подудра по рака со пендреков, а ти ќе седиш до прекидачон и ко ќе викна, запалија сијалицава. Се добрал со усул до испружената рака и го подчукнал нежно, еднаш, двапати и свикал: „ДРЖ ГО …… “ а во ист момент се вклучила сијалицата и сцена за расказ, раката полна месо …

Пренесува и раскажува: Марјан Стојаноски – Мако