Двајца кичевски лекари на листата на 100 најдобро рангирани доктори

Категории: Кичево, Слајдер

Министерството за здравство ја  објавi на Листата на 100 најдобро рангирани доктори во јавните здравствени установи за месец Април, 2013 година. Помеѓу нив се најдоа и Др. Трајанка  Толеска  и Д.р Сенавер Селими од  ЈЗУ Општа болница – Кичево.

Станува збор за најдобро рангираните 100 доктори за месец април од универзитетските клиники, специјални, клинички и општи болници во државата кои со покажаните резултати во работењето претставуваат движечка сила во своите институции и се успешни професионалци кои секојдневно со својот ангажман посветено придонесуваат за обезбедување што подобри и поквалитетни здравствени услуги за пациентите и воопшто за унапредување на здравствениот систем во Македонија.

Сите наградени доктори стануваат дел од „Клуб 100-најдобри доктори“. Тие добиваат посебно признание и паричен надоместок во висина од нето плата, во која се вклучени сите додатоци на плата на здравствениот работник (двојна плата) за месецот за кој постигнал најдобар резултат.

Инаку, износот на нето платата на групата наградени доктори за месец април се движи од 25.797 денари, која е најниска, се до највисоката од 65.060 денари.

Изборот е направен според воспоставени критериуми, како што се остварениот учинок во април, годинава, бројот на извршени интервенции, типот на извршени интервенции, реализирани обуки и слично, се вели во соопштението на Министерството за Здравство кое беше објавено во саботата.

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , ,