ФОТОГАЛЕРИЈА: Втора Демирхисарска Џип турнеја

Категории: Демир Хисар, Македонија, Слајдер

Двестетина вљубеници во високите октани и моќните теренски октани го прифатија 60 километарскиот предизвик за совладување на тешко прооден планински терен. На денешниот старт од Демир Хисар пристигнаа и учествуваа возачи скоро од целава земја и од градот домаќин –  Демир Хисар кои со своите теренци демонстрираа големи возачки вештини, но и ја проверија нивната моќ и издржливост.

За околу 8 часа, со неколку попатни паузи, патеката долга над 60 километри ја извозија 50 – ина најразновидни теренски возила. Патеката минуваше исклучиво низ планински и на места прилично тешко проодни и опасни планински предели и тоа, од вештачкото езеро „Крагуево“, манастирите Свети Илија кај Лесково, свети Петар кај Смилево, пеку месноста „Еврејка“, па се до Илинска Црква, односно црквата Свети Илија што се наоѓа на Илинска Планина на над 1500 метри надморска височина. За време на возењето имало само еден мал инцидент кога од мало невнимание, еден теренец се превртел, а заради тержината на теренот, 2 –џипа поминале со помали дефекти, но на крајот сите стигнаа на целта.

Целата манифестација се одржа под покровителство на градоначалникот на градот домаќин, Љупчо Блажевски, а голема поддршка организаторите на оваа ревијална џип турнеја имаше и од голем број локални фирми.

На пригодната свеченост се одржа во конаците и дворот на црквата, на која што за сите учесници беше организиран ручек и музичка забава, поздравно обраќање имаше градоначалникот Блажевски кој покрај другото рече, дека преку оваа манифестација, на најоригинален, најафтентичен, но едновремено и најефтин начин се промовира и се рекламира општината, нејзините убавини, нејзините потенцијали, нејзината историја, нејзиното минато,  нејзините граѓани, нејзините економски, културни, социјални и духовни потенцијали.

–  Демирхисарска џипијада e единствена и посебна заради сите вас што се одваживте, со вашите моќни машини да ги поминете врвиците на комитските пешадиски и коњички чети: смилевската, боишката, вировската, илинската и многу други. Тоа го прави посебен и особено атрактивен и инспиративен овој, јас ќе го наречам, модерен, современ и моторизиран комитски марш. – рече покрај другото градоначалникот Блажевски.

Демирхисарската џип турнеја се одржа по повод 2 септември, Денот на ослободувањето на Демир Хисар.

 Рускиот педесетгодишник ги посрамоти европските тешкаши:

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , ,