Е тации се, немат друзи (18)

Категории: Ако појдам во чаршија..., Ризница, Слајдер

Речникот не бил никогаш гробница на јазикот …….. кажа еден лектор. Која милина е кога слушаш како разговараат прилагодено, поразлично некои етнички заедници на твојот мајчин јазик ……….

Во старо маало имавме убав колорит од различни народи во сокакот. Помеѓу другите, имавме први комшии Власи, двајца браќа. Тоа што не научивме Влашки јазик (особено брат ми) е по исклучива вина на комшиите. Додека бевме помали комшиите комуницираа помеѓу себе на Влашки, но штом почнавме почесто да влегуваме дома кај нив, комуникацијата ја „прешалтаа“ на Македонски. Остана нешто за ибрет* и од Влашкиот во мене, па така и денес: – „Шец пи курлу – седи на столов“, „Смац какац – јади .ајна“, „Лемну – дрво“, за некој Влав ако затреба, можам да го „нагостам“ со гадости.

Серијал текстови посветени на Кичево некогаш: „Ако појдам во чаршија“

Се подразболе од комшиите помалиот брат и залегна в кревет едно време. Ние имавме една слива благачка, бетер од банка ја чувавме ко ќе надојдеше на род. Не паметам да узреа некогаш, што од нас дур беше зелена брана, што од дечурлии од малото. Дури едно време предлагаше татко ми да ставиме звонец дома в соба, поврзан со жица на сливата оти куртул се немаше, па кога ќе се качи некој неканет, веднаш алармот дома ззррррнн и ќе го набркаш. Така некој досетлив Вацко Матере, ефикасно ги бранел дуњите в село !!!

Многу иштаф* имаше комшијата по благачето, па секој ден го пушташе неговиот помал син Кочо да набере еден грст, за да не го фаќала скомина ! Завршила благачката, па Кочо се префрлил на другото сливче, ама тоа ниту благаче, ниту крупно. Му поддал Кочо од сливите и веднаш добил укор: – „Што се ваци милецај !!?/Е ТАЦИИ СЕ, НЕМАТ ДРУЗИ“ ………. раскажал Зоран С.

Ибрет* од Турскиот јазик = научена лекција, награда …….. Иштаф* од Турскиот јазик = апетит, желба за јадење по нешто ……

Пренесува и раскажува: Марјан Стојаноски – Мако

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , , , , ,