Еди Ричардс викендов настапува во Кичево

edi ricards

Светски познатиот DJ Eddie Richards утревечер (сабота) ќе настапи во кичевскиот Клуб Тунел, по повод една година од отворањето на клубот.

Ричардс е легенда на Acid House музиката. Тој е еден од првите DJ-и во средината на ’80-тите и еден од оргиналните диџеи кои станале клучна фигура на новата музика и културно движење. Вклучен е во речиси секоја книга, документарец и филм за денс културата и е баран низ целиот свет поради неговата беспрекорна комбинација на deep bass driven techno with soulful & tough house.

Пред точно 11 години за прв пат во Кичево, Еди Ричардс гостуваше во клубот Репаблик. Настан кој се памети по неговото влијание на една цела генерација која прерасна во техно движење. После 11 години, повторно во малиот и темен град, со желба за поинаква, прогресивна младина го имаме за гостин Еди Ричардс во клубот Тунел.

Бидете таму!