Кичево.Мк го слави ПРВИОТ РОДЕНДЕН!

Категории: Кичево, Лично, Слајдер

Во овие моменти, пред 1 година во етерот беше пуштена првата официјална вест од www.Kicevo.Mk. За 69-годишнината од ослободувањето на Кичево ние му го подаривме овој портал на нашиот роден град Кичево и на кичевчани, без разлика каде се.

И оттогаш не помина ден без вест од Кичево. Споделивме убави, споделивме лоши вести. Битно се пишуваше за Кичево. Оттогаш многумина слушнаа за нашиот град, за убавите и неубавите работи. Но успеавме да ги промовираме првите.

Денес, после една година постоење сме споделиле 1364 вести од кои 599 од Кичево. Сајтот надмина 620 000 посети и еден милион прегледи. Посетеноста понатаму расте. Ако пред една година за Кичево пишуваа други надворешни медиуми, сега главните вести се наши. Тоа е награда за нашиот несебичен труд, а успехот е заеднички, наш и Ваш! Во меѓувреме почнавме да ги покриваме регионите и луѓето блиски до нас: Македонски Брод, Демир Хисар и Дебарца.

Кичево.Мк продолжува да се надградува. Ако првата година беше да се етаблираме, втората ќе биде да го продолжиме тој пат и да продуцираме поквалитетни содржини, да се подобриме во повеќе насоки. Кичево.Мк мора да стане уште посилен медиум!

Вашата критика секогаш беше добредојдена, нека остане така и понатаму, отворени сме за соработка. Искрено се надеваме дека ги исполнивме очекувањата на кичевчани.

Продолжуваме понатаму! Среќен роденден Кичево.Мк!

Искрено Ваши,

Љупчо Зорески и Теодос Пејоски

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , ,