АНАЛИЗА: Економските односи на Турција за време на протестите

Категории: Лично, Свет, Слајдер

Пишува: Томче Илијевски
http://tomceilijevski.blogspot.com/

Ова лето Турција, ќе има нова разделна линија – пред и после плоштадот Таксим. Протестите кои најпрвин имаа еколошки карактер, спасувајќи го паркот Гези, од изградба на трговски центар во  на Истанбул,  тие се претворија во масовни демонстрации од страна на разни таргет групи во општеството на Турција. Во оваа кратка анализа ќе бидат опишани внатрешните и надворешните економски предизвици на Турција,  за време на протестите кои можат драстично да ја сменат траекторијата на турскиот економски модел кој изминативе години успешно се развиваше.

Откако што западна во финансиска криза во 2001 година, Турција,  истата година ги прифати финансиските и фискалните реформи како дел од договорот со ММФ. Тие реформи ги зајакнаа турските економски основи и овозможија почеток на снажен раст на турската економија со просек од 6 % до 2009 година, кога поради финасиската криза во светот и строгата фискална политика дојде до мал пад на БДП, но добриот регулиран пазар и банкарски сектор и помогнаа на Турција да ги победи ефектите од глобалната криза и БДП кон крајот на 2010 година нарасна за неверојатни 8.2 посто, а извозот се врати на ниво од пред кризата. Исто  така Турција и многу вложуваше во образованието, културата и спортот. Турските универзитети станаа респектабилни и на светско ниво.

The Economist ја прогласи  Турција како “пазар во развоj”, додека Goldman Sachs ја нарече големата економска ѕвезда во развој. Денес Турција е 17 економска сила во светот.

Но светските финансиски пазари во моментот се во едно големо преуредување и шпекулантски игри и калкулации. Пред да започнат протестите во Истамбул,  турскиот Премиер –Реџеп Таип Ердоган започна со реализирање на три големи проекти кои ќе беа столбови на иднината на турската економија, а тоа се :изградба на нови атомски централи крај Црно море, за чија изградба Турција ќе плати 20 милијарди долари на Јапонски ЛЕД конзорциум, исто така во најава беше изградбата на нов канал кој ќе го спојува Црното Море со Мраморно море, и постанувањето на Истанбул  главен финансиски центар во Евро-азискиот дел надминувајќи го и Дубаи. Во најава се и изградба на нови мостови во Истанбул, и нов супер модерен аеродром. За целиот овај оптимизам стоеше макроекономската стабилност на државата од мал долг, и мал трговски дефицит. Во 2012г. Турција имала приход од Туризмот -23 милијарди долари(Од кога настанаа протестите Турција губи дневно по 40 милиони долари во туризмот). Во план е  и искористувањето на нафтените резерви во курдскиот дел на Северен Ирак, со што драстично ќе се намали енергетската зависност на државата.

Од кога започнаа протестите турската берза почна нагло да опаѓа, што за неколку дена падот изнесуваше 10%, за разлика од минатата година кога растот на берзата беше еден од најголемите во светот кој достигна речиси 40%.Од финансиските маркети берзата е заплашена најмногу од одлив на краткорочни инвестиции, кои можат да се префрлат во некоја друга земја во развој, со што може да настане голем одлив на капитал, оценуваат експерти од  Bloomberg.Турската лира започна да губи вредноста во однос на доларот и започнаа да растат каматите на државните обврзници. Расходите за сервисирање на турскиот долг се зголемуваат, откако државните облигации беа дадени на аукција две недели после избувнувањето на протестите. Исто така и кризата во еврозоната која е најголем трговски партнер на Турција, може да доведе до намалена трговска размена што дополнително би ја намалила бизнис активноста на приватниот сектор во државата. Како и да е Турција се наоѓа во улога  како сврзник на Европа и Азија –опколена е со големи предизвици и конфликти(Ирак, Сирија).Предизвиците се многу големи, светските финансиски играчи не запираат, во иста состојба во наредниот период може да западне и Бразил,  Индонезија, Јужна Африка. Но за тоа во некоја друга тема.

ТУРЦИЈА ВО БРОЈКИ

Број на жители-73.5 милиони(Истамбул-15 милиони)

БДП-1.026 трилиони долари(2011)-по глава на жител 13.600 долари(три пати повисок отколку во 2001 година)

Стапка на незапосленост-9.8%(2011)

Дефицит/ 1.6% од БДП

Инфлација/ 7.8%

Јавен долг/ 40 % од БДП

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , , , ,