Екс градоначалникот Благоја Деспотоски реагираше на пресот на Дехари

Категории: Кичево, Слајдер

Во врска со обвинувањата кои ги изрече градоначалникот на Кичево, Фатмир Дехари, а се однесуваат на финансиската состојба на општината, со своја реакција излезе доскорешниот градоначалник Благоја Деспотоски. Тој ги оцени обвинувањата како неосновани.

– Тоа што е преставено од сегашниот градоначалник како долг на општина Кичево е кредитот од Светската банка што има рок на отплата од над 11 години, со 3 години грејс период што значи дека тој нема да го отплаќа тој долг. Исто така кон фирмата „АС Сењак” фактурите што ќе стигнат се со рок на плаќање од 730 дена. Имаме повеќегодишна позајмица од владата, која ја искористивме да ја одблокираме сметката на општина Кичево – рече Деспотоски.

Деспотоски дополни дека податоците за финансиски дубиози се неосновани, бидејќи во негово време буџетот бил зголемен за 35%, а долгорочните позајмици биле искористени за инфраструктурни проекти кои се видливи и денес.

Екс – градоначалникот реагираше и на обвинувањата за вработувањата во негово време бидејќи при вработување не правел никакви етнички разлики.

Во врска со работниците со кои бил склучен договор на дело во предизборието, Деспотоски вели дека тоа  била единствена можност за ангажирање на лица во ППБ и ЛЕР бидејќи имало голема потреба од нив, бидејќи претходните работници во меѓувреме заминале во пензија.

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , , , , ,