Експлодира вселенскиот брод за туристи на „Вирџин Галактик“ (ВИДЕО)

Категории: Свет, Слајдер

Вселенскиот брод разработен од компанијата „Вирџин Галактик“ за туристички летови во вселената, експлодира за време на пробен лет и се урна во пустината Мохаве, во американската сојузна држава Калифорнија, соопшти компанијата на британскиот милијардер Ричард Бренсон.

На бродот имало двајца пилоти. Едниот загинал, а другиот е тешко повреден и пренесен во болница. Причините за несреќата се уште не се познати.

Британската компанија првично соопшти за сериозни проблеми за време на првиот лет. Бренсон веднаш по несреќата објави дека заминува на местото на падот.v

„Спејсшип 2“ е комерцијална верзија на „Спејсшип 1“, првиот приватен вселенски брод што полета во 2004 година.

Стотици богати и познати личности веќе имаат резервирано вселенско патување со бродот. Билетот за овој лет чини 200 илјади долари. Несреќата претставува тежок удар за вселенските летови за комерцијални цели.

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , ,