Албанскиот диктатор Енвер Хоџа постхумно одликуван во Кичево

Категории: Кичево, Слајдер

За време на манифестацијата „Пламениот јануари“ во организација на Општина Кичево и Организацијата на Ветерани на УЧК која се одржала во домот на културата „Кочо Рацин“ во Кичево, меѓудругите, постхумно бил одликуван со благодарница и албанскиот комунистички диктатор, Енвер Хоџа, дознава Кичево.мк. Наградата ја примил неговиот син Илир Хоџа.

Наградата на Хоџа ја предал лично Фазли Велиу, претседател на здружението на ветераните на УЧК и вујко на Али Ахмети. Ваквиот гест предизвикал силно негодување кај присутните кои по ова ја напуштиле салата. Но кратко потоа, настанот предизвикал вистинска експлозија од негативни реакции, особено од албанската дијаспора.

Манифестацијата се одржала во петокот, на 17 јануари 2014 и претходно беше најавена во повеќе медиуми, како и на страницата на кичевскиот градоначалник, Фатмир Дехари.

Остри критики се упатуваат кон Фазли Велиу и Фатмир Лимани, но ништо покусо и кон Али Ахмети и Фатмир Дехари. Од последните двајца засега нема никаква реакција иако од настанот има поминато повеќе од една недела.

Наши извори тврдат дека ДУИ влијаела врз албанските медиуми веста да не се пренесува. Но веста за настанот сепак излезе.

Партиски извори потврдуваат дека овој настан ги подгреал поделбите, како во кичевскиот, така и во останатите ограноци на ДУИ, кои тлеат веќе подолго време.

Енвер Хоџа бил комунистички диктатор на Албанија кој со земјата владеел од 1944, па се до неговата смрт во 1985 година. За време на неговото владеење ја изолирал земјата од остатокот од светот, правејќи ја најзаостаната земја во Европа. Во затвор поради идеолошки причини во тој период завршиле над 30 000 лица. Лузните од неговото владеење се забележливи скоро 30 години по неговата смрт. Врвот на ДУИ доаѓа од Народното Движење на Косово (НДК), кое е познато по енверистичките-марксистичко-сталинистички активности во минатото.

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , , , , ,