Автобусот на ЕУ застана во село Зајас

Категории: Кичево

Како седма од десетте рурални станици на карванот на ЕУ, денес беше село Зајас. Предводник на делегацијата на ЕУ беше  заменик амбасадорот на Обединетото Кралство во Македонија, Кристина Винтерборн. На пречекот на европскиот претставник, присуствуваше и градоначалникот на Општина Кичево, Фатмир Дехари.

Најпрво  претставничката на ЕУ одржаа предавање  на тема  кои се предностите со членството на земјата  во ЕУ. Беа поставувани прашања кога е создадена ЕУ и која е целта на нејзиното формирање. Учениците за точните одговори добиваа ракометни топки а пред општинската зграда се одржа квиз на тема колку ја познаваме ЕУ, учениците цртаа на истата тема формираа карта на унијата и др.

Текст и Фото: Зоран Антоски

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , , , ,