Во Кичево ќе се гради фабрика за производство на биогас

Категории: Кичево, Слајдер

Кичевчанецот Фаик Шериф кој е на привремена работа во Швајцарија е инвеститорот кој доби дозвола за изградба на фабрика за производство на биогас.

Фабриката ќе се гради во индустриската зона „Иванидол“ во Кичево и се предвидува првично да се вработат 15 луѓе. Како суровина ќе се користат биоразградливи материјали (лисја и трева). Инвестицијата ќе чини над еден милион евра.

Ова е уште една од редот погони кои никнуваат во индустриската зона Иванидол која беше отворена пред неколку години, а моментално таму функционираат неколку погони, а има најави и за други.

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , ,