Фазли Велиу изел ќотек во Ваксинце

Фазли Велиу, идеологот на УЧК и вујко на лидерот на ДУИ Али Ахмети, бил физички нападнат во Ваксинце за време на одбележувањето на годишнината од загинувањето на командант „Тигри“ – јавува телевизијата Канал5.

Локалното население и иницијативниот одбор барале на настанот да нема политичари. Меѓутоа тоа не било испочитувано и Велиу се појавил во друштво на пратеникот на ДУИ, Реџаил Исмаили. Во еден момент кога побарал да држи говор врз него се нафрлиле дел од населението и иницијативниот одбор. Бранејќи го Велиу, ќотек изел и пратеникот Исмаили.

Настанот го потврдуваат извори на телевизијата од албанскиот политички блок.

Велиу бил обвинет оти тој како претседател на Здружението на ветерани на ОНА доволно не се грижел за семејствата на загинатите во конфликтот од 2001-та. Го обвиниле дека сака само да се промовира, а ДУИ политички да профитира.