Финишира изградбата на новата училишна зграда во Кичево

Новата училишна зграда, што се гради со донација на турската влада влегува  во самиот финиш.Така што деновиве е завршено партерното уредување и останува да се доврши внатрешноста и истото да биде ставено во употреба.
-Според динамиката на работите , новата училишна зграда наскоро ќе биде комплетно завршена. Деновиве беше комплетирано партерното уредување ,наскоро очекуваме да биде ставена и подлогата на приземјето и првиот спрат, по што ќе биде донесен и инвентарот и оваа зграда ќе биде целосно подготвена да ги прими првите ученици.Според наша проценка зградата ќе биде целосно  оспособена до 11-ти Октомври, кога би требало  и официјално  да биде предадена во употреба- информира Благоја Стојаноски, директор на ОСУ Мирко Милески.
Зоран Антоски