Финишира втората фаза од реконструкцијата на главната улица во Кичево

Деновиве се очекува да се заокружат работите на реконструкцијата на главната улица во Кичево, во делот од градскиот плоштад до раскрсницата со улицата Гоце Делчев.

Калдрмата е речиси комплетно поставена ,тротоарите со бекатон плочки се целосно завршени,така што до крајот на оваа седмица ќе биде заокружена втората фаза од оваа улица со монтирањето на електричните канделабри , и овој дел на улицата Александар Македонски  да добие нов современ лик.

До целосното завршување на улицата останува третата фаза, а тоа е тоа делот до Осломејшкиот пат, каде деновиве се поставуваат водоводни цевки и цевки за атмосферска канализација. Ако со овој интензитет продолжат работите, се очекува до втората половина од летото да биде целосно завршена реконструкцијата на главната улица во Кичево, со што ќе се подобри како естетскиот така и функционалниот аспект на најградската улица во Кичево. Можеби тоа ќе придонесе и Кичево да биде поатрактивен град за туристите кои престојуваат или транзитираат низ овој дел од земјава.

Текст и фото: Зоран Антоски