Фит Камп во Китино Кале

Од пред некое време на Китино Кале започна да функционира Fit Camp кој го предводи wellness тренерот Јадранка Богеска. Тренирањето е сосем бесплатно и кој сака може слободно да се приклучи.

– Тренирањето е бесплатно, треба да понесете само ентузијазам за губење килограми и вода. Засега, во летниот период ќе функционираме во Кале, понатаму ќе видиме. Ова е нешто ново, па сите предлози се добредојдени. Доста е интересно, а да се тренира во друштво е поинтересно. Се надевам ќе има нови заинтересирани, поканети се сите – вели Богеска.

Тренинзите се одржуваат во понеделник, среда и петок во 18.00 часот. За тренинзите е оформена и Facebook група: FIT CAMP- КИЧЕВО, сите заинтересирани можат да се приклучат и да ги следат новостите.

Оригинална и корисна идеја. Само напред.