Форум со работодавачите – законот за јавни набавки ги подјадува локалните фирми

Категории: Демир Хисар, Македонија

forum-d-hisar

Дваесетина локални бизнисмени од кои повеќето се корисници на владините мерки за вработување, со внимание ја проследија презентацијата на најновите активни програми и мерки за вработување. На вториот Форум со работодавачите што го организира општината Демир Хисар, присуствуваше и говореше градоначалникот Љупчо Блажевски кој, покрај другото рече дека не треба да се заборави и занемари фактот дека, приватните компании, многу зависат од поволностите и од условите што ќе ги обезбедат централната и локалната власт.

– Затоа, локалната власт на Општина Демир Хисар, во соработка со Владата, и во наредниот период ќе биде силно фокусирана на локален економски развој и на градење партнерство со бизнисот за остварување на интересите на граѓаните. – рече градоначалникот Блажевски.

Градоначалникот и претставниците на Министерството за труд и социјална политика, УНДП и општинскиот Центар за вработување во Демир Хисар имаа ретка можност, во отворени дискусии, од локалните бизнисмени да чујат бројни забелешки, сугестии и позитивни искуства од примената на политиките на владата за субвенционирање на вработувањето, а најмногу на примената на некои одредби од законот за јавни набавки.

– Ако не се извршат итни измени во одредбите на законот за јавни набавки, ни се заканува да ги затвориме фирмите, да ги испуштиме работниците или бизнисот да го преселиме во некој поголем град бидејќи сегашниот закон ги фаворизира фирмите од поголемите градови кои се со поголема конкурентска моќ. Набавките во владините институции и јавни претпријатија се целосно централизирана, за обична канцеларија набавките се прават од централата, на тендерите се јавуваат најмногу скопски фирми кои имаат поголеми можности за директна набавка, а на локалните бизниси им останува само локалниот колач од јавните пари. – рече бизнисменот Здравко Стефановски кој поседува две продавници во Битола и Демир Хисар и вработува околу 15 лица.

Денешниот форум со работодавачите е втор што се организира во Демир Хисар којашто е една од 28те општини опфатени со овој заеднички проект на општините и Министерството за труд и социјална политика.

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , ,