ФОТО: Погледнете како ќе изгледа кичевската болница

Категории: Кичево, Слајдер

Со реконструкцијата се очекува болницата во Кичево да прерасне во современ здравствен објект, енергетски ефикасен кој ќе овозможи висок стандард на здравствените услуги.

-Практично станува збор за изградба на нова болница која вклучува пет одделенија од сегментот на секундарна здравствена заштита, 10 специјалистички служби и 4 одделенија со дневна болница. На овој начин во новиот објект ќе бидат сместени сите одделенија: гиникологија, интерна, амбулантски дел, ургентен центар, дел за дијализа и на тој начин ќе се овозможи поквалитетна здравствена услуга на граѓаните на Кичево, соопшти министерот за здравство Никола Тодоров.

Предвидено е реконструкцијата да запчне во периодот март, април и во рок од 16 месеци целиот проект да биде завршен.

Вкупната вредност  на инвестицијата е процената околу 200 милони денари.

Болничката зграда во која моментно се обавува здравствената заштита ниту од далеку не ги задоволува основните критериуми за ваков објект од здравствената дејност. Зградата е изградена пред 80 години, руинирана и дотраена е од сите аспекти и е далеку од тоа да ги задоволува сигурносните и здравствените стандарди.

– Новиот објект е согласно најновите и најсовремените стандарди во здравство, односно стандардите што ги имаме при изградба и реконструкција на сите здравствени објекти. Тоа значи ќе има тоалет во секоја соба, ќе се почитуваат сите правила за спречување на интрахоспитални инфекции, нови современи лифтови, паркинг-простор за сите кои ќе доаѓаат во болницата, и целосно партерно уредување на околината на овој објект, подвлече Тодоров.

Инаку, болницата ќе располага со вкупно 64 болнички постели дополнети со соодветен капацитет на дневните болници. Министерот за здравство подвлече дека во оваа болница во изминатиот период активно е работено и на зајакнување на човечкиот потенцијал, односно на кадарот. Потсети дека во 2012 година биле вработени шест доктори, во 2013 се вработени 20 медицински сестри, а во тек е оглас за вработување на уште два доктора и шест медицински сестри. Ведно, додаде, во изминатиот период девет доктори од кичевската болница се упатени на специјализација во повеќе области.

Кичевската болница започна да се гради на крајот на осумдесеттите години, а нејзината изградба беше стопирана во 1991 година. Досега постоеја многу најави за нејзино доградување, но ниедно од нив не беше реализирано.

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , ,