ФОТО од црквата Свети Никола во Вранештица во која денес се случи невообичаен феномен

Категории: Кичево, Слајдер

Денешниот ден, Духовден, долго ќе остане запаметен во меморијата на вранештичани. Откако утрото поставија блокада со жив ѕид со цел да не се сече црковната шума во нивното село, се случи чуден феномен од кој очевидците се сеуште возбудени и го коментираат како божја работа.

Фотографиите можат само да го потврдат она што селаните возбудено го раскажуваат. Во црквата посветена на Свети Никола, на очиглед на дваесетина жени кои купувале и палеле свеќи по повод големиот празник Духовден, наеднаш почнала да се рони и отпаднала фреската на Свети Илија, додека пукнатини се јавувале на останатите фрески. Црквата иако е стара, била целосно обновена пред околу 7 години, со народни и со црковни пари. Никој не памети дека на самиот објект се појавил некој проблем кој би предизвикал оштетување на фрескоживописот.

„Се случи Божја работа“ – коментираат селаните.

Додека ова се случувало, надвор сеуште траел протестот на селаните, па така повеќе луѓе дошле и на лице место се увериле.

Оставаме надлежните институции да го кажат крајниот збор за овој чуден настан кој ја разбранува кичевската јавност.

Селото Вранештица е многу старо и е населено со илјадници години наназад. Две од неговите цркви се зборува дека датираат уште од шестиот век.

  

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , , , , ,